• aikido_federacija_makedonija.jpg
  • macedonian_aikido_federation.jpg

spase

aikido-federacija-01Тренери од главните клубови во Република Македонија, Србија и други држави денес се собраа во Битола, на меѓународниот семинар за добивање на тренерска лиценца за реален АИКИДО во организација на АИКИДО федерацијата на Македонија. Битола како главен аниматор во државата, веќе доби и седиште на Светскиот центар за реален АИКИДО:

 

„Тоа е редовна активност согласно календарот на АИКИДО федерацијата на Македонија и имаме голема чест и задоволство да го претставиме и да го примиме во нашите редови претседателот на Светскиот центар за реален АИКИДО г-дин Љубомир Врачаревиќ кој е носител на мајсторски појас 10 ти дан. АИКИДО федерацијата на Македонија е членка на светскиот центар за реален аикидо која обединува преку 50 земји членки од целиот свет и морам да кажам дека Битола е главниот аниматор во Република Македонија, а од неодамна имаме седиште на Светскиот центар за реален АИКИДО кое треба да се озваничи во мај месец за Балканските земји и тоа за Романија, Бугарија, Албанија, Турција, Грција и Македонија. Главното седиште ќе биде тука, а јас како претставник на бордот на директори на Светскиот центар ќе ја водам таа работа, а воедно и како добитник на највисоко признание доделено од Евроската куќа на славни, единствен македонец сум претставник во Европската куќа на славните за боречки вештини, изјави Ѓуро Илиќ, претседателот на реален АИКИДО на Македонија.

Претседателот на Светскиот центар за реален АИКИДО Врачаревиќ, во Битола ја искажа својата радост што на едно место се собраа сите мајстори и тренери кои водат клубови за реален аикидо, клубови за самоодбрана.

„Сите овие луѓе кои што се овде, добиваат само одредена доза на ново знаење за да можат оваа 2013 та година, да работат со деца и млади и јас сум задоволен како функционира реалниот АИКИДО во Македонија, затоа што се повеќе млади се определуваат за оваа спортска дисциплина која што сигурно им овозможува на младите да се снаоѓаат, да знаат да се заштитат, да знаат да ја искористат техниката за самоодбрана, изјави Врачаревиќ.

„Овде веќе имаме реализирано една важна работа. Ова беше наша урбана заедница, која што по иницијатива на претседателот на реален АИКИДО на Македонија, Ѓуро Илиќ со негови големи заложби ова прерасна во еден центар на боречки вештини. Ова е една заедничка соработка и на мое големо задоволство , на негова покана и на покана на една голема легенда, гдин Врачаревиќ, кој што има 10 ти дан во реален АИКИДО денеска присуствувам на овој семинар за добивање на лиценци. Атмосферата е одлична, има многу присутни од многу градови, од повеќе земји и заложбата на претседателот, сето она што тој го направи, дава големи резултати. Значењето е уште поголемо затоа што со присуството на господинот Врачаревиќ и се ова што се случува во овој центар се подигнува духот на младите луѓе, мислам дека многу правилно се насочуваат во животот, едноставно овде нема да сретнете човек кој што некако застранил или има дилеми како да го продолжи животот. Убеден сум дека спортот во годините кои што следуваат ќе добие централно место во нашиот град, така што ова е една од тековните манифестации на овој клуб, а денеска имаме и други спортски настани, како и вчера, вечерва во спортската сала имаме кошаркарски натпревар, така што како и што планиравме, поддржувајќи го, спортот почнува навистина да заживува. Ќе направиме се да ги подобриме условите и во реконструкција на објектите и во поддршка на клубовите, сите наши луѓе да се вклучуваат во спортски активности. Со тоа младите да имат уште подобри услови за развој во вистинска насока, изјави Градоначалникот на Општина Битола М-р Владимир Талески.

Во име на светскиот центар Врачаревиќ за Градоначалникот Талески подготви подарок со симболи и облека кои се користат во ова дисциплина, а истите значат почит и благодарност за големата поддршка. Притоа Врачаревиќ изјави:
„Светскиот центар одлучи во Битола да се отвори канцеларија на светскиот центар за реален АИКИДО и целиот овој регион едноставно да комуницира преку Битола. Јас сакам таа канцеларија да биде актуелна, така што уште повеќе млади луѓе ќе се вклучуваат во оваа наша дисциплина и во име на Светскиот центар му подаруваме еден скромен подарок на г-динот градоначалник, изјави Врачаревиќ.

aikido-federacija-02

aikido-federacija-03

Share

agencija mladi sportwcrayoutube

 



Photo gallery

Who is online

We have 48 guests and no members online

Web shop

Macedonian Aikido Federation – Real Aikido


Address: Stiv Naumov 61 a


7000 Bitola, Republic of Macedonia

 President of Macedonian Aikido Federation – Real Aikido      

 

Gjuro Ilik, Real Aikido Master 7 DAN       

 

Phone: +389 70 207 655        

 

eMail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.">This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.