ОДЛУКA за утврдување на годишна членарина на клубовите членки на АФМ

Преземи: ОДЛУКA за утврдување на годишна членарина на клубовите членки на АФМ (PDF)

Врз основа на член 40 од Статутот на Аикидо Федерацијата на Македонија на Извршниот одбор на Федерацијата одржана на ден 12.05.2012 година во Скопје, донесе

ОДЛУКA
за утврдување на годишна членарина на
клубовите членки на АФМ

Член 1
СЕ УТВРДУВА годишна членарина на клубовите на Аикидо Федерацијата на Македонија во износ од 50 евра во денарска противвредност.
Член 2
Клубовите се должни овај износ да го уплатат на жиро сметка на Федерацијата најдоцна до 31 јули тековната година.
Член 3
Клубот кој што во утврдениот рок нема да ја уплати годишната членарина, неговите претставници во извршниот одбор и другите помошни тела на федерацијата во тековната година немаат право на глас, и исто така клубот нема право да организира семинари.
Член 4
Одлуката влегува во сила со денот на донесувањето

Бр-    
12.05.2012 год

Претседател
Ѓуро Илиќ 7 Дан