ПРАВИЛНИК за работа на Дан колегиумот

Преземи: ПРАВИЛНИК за работа на Дан колегиумот (PDF)

Врз основа на член 40 од Статутот на Аикидо Федерацијата на Македонија ,Извршниот одбор на Федерацијата на Седницата одржана на ден 12.05.2012ден ,го донесе следниот

ПРАВИЛНИК
за работа на Дан колегиумот

Член 1
Co овај правилник се утврдува работата на Дан Колегиумот начинот,постапката и услови за напредување- полагање на појаси

Член 2
Дан Колегиумот е помошно тело на АФМРА и број 5 члена Дан Колегиумот ја избира извршниот одбор од редот на највисоките ДАН степени во државата,при што истите треба да имаат најдобри познавања на реалниот аикидо.
Мандатот на членовите на Дан Колегиумот трае 4 години и истите можат да бидат повеќе пати избирани.

Член 3
Од членовите на Дан Колегиумот членот со највисок мајсторски степен се избира за претседател на Дан Колегиумот.

Член 4
Дан Колегиумот работи на седници на кои се води записник, и истите се одржуваат по потреба, но најмалку 2 пати годишно.
Седниците ги закажува и води претседателот на Дан Колегиумот.
Седниците можат да се одржуваат и со посредство на електронските комуникации; интернет, телефонски врски, видео итн.
Учеството,записникот и гласањето од таквата седница треба да бидат авторизирани по седницата.

Член 5
Одлуките на Дан Колегиумот се донесуваат на седници на која се присутни повеќе од половината нејзини членови,со мнозинство на гласови од присутните членови.
По еден примерок од сите пишувани материјали кој произлегуваат од работењето на Дан Колегиумот задолжително се доставуваат до архивата на Федерацијата.

Член 6
Заради остварување на својата основна цел – испитување на степенот на познавање на техниката и теоријата на реалниот аикидо, Претседателот на Дан Колегиумот формира комисија од три члена кои треба да го спроведат најавениот испит согласно усвоената програма за полагање за појаси на АФМРА.

Член 7
Дан Комисијата согласно правилата на Светскиот Центар за реален аикидо и програмата за полагање за појаси на АФМРА, може да организира испити максимум до степен 6-ти Дан.
Испитите за 7-ми до 10-ти Дан ги организира АФМРА во согласност со Светскиот центар за реален аикидо.
Доколку некој член се стекнал со повисок појас пред комисија од некоја странска држава, добиената диплома ја озваничува Аикидо Федерацијата на Македонија,односно Дан Колегиумот и истиот појас го запишува во регистарот за појаси на АФМРА.
Дан Колегиумот води регистер за доделените ученички и мајсторски појаси.

Член 8
Секој кандидат за полагање за појас пополнува образец – пријава, која што е во склоп на овај правилник.

Член 9
Напредувањето во појаси – согласно возраста,времето на вежбање поминато во претходно стекнатиот појас,успехот на натпреварувачки план,познавањето на техниките од реален аикидо и теоријата, е поделено на два дела и тоа:
-програма за ученички појаси(КЈУ) и,
-програма за мајсторски појаси(ДАН)

Член 10
Дан Колегиумот дава согласност на клубовите за одржување на испити за ученички појаси до 2 КЈУ(син појас),а доделува кандидат мајсторски појас(кафеав појас),и мајсторски појаси до 6-ти Дан согласно усвоената програма и правилник:
Право на испитување при полагање за ученички појас(од бел до син),има тренерот на клубот кој треба да е минимум носител на црн појас 1 Дан,заверен од Дан Колегиумот на АФМРА.

Член 11
Дан Колегиумот може исто така да додели почесен мајсторски степен, само еден степен повисок од онај што го поседува одредено лице,односно спортски работник, врвен натпреварувач или истакнат научен работник.
На едно лице може да му биде доделен почесен степен еднаш во три, пет или десет години

Член 12
Клубовите се должни за секое одржување на испит за ученички појаси- од бел до син, задолжително да го известуваат Дан Колегиумот и до него да достават фотокопии од пријавите на оние кандидати кои го положиле испитот.

Член 13
Таксата за пријавување за полагање за КЈУ појаси изнесува 15 евра(во денарска противвредност) во која цена е пресметана и цената на дипломата која ќе ја добиваат оние кандидати кои ќе го положат испитот за соодветниот појас.

Член 14
Таксата за пријавување за полагање на 1 Дан појас изнесува 100 евра,а за секој нареден ДАН се плаќа +50 евра(во денарска противвредност).

Член 15
Секој кандидат е должен да пополни образец – пријава (пропишана со овај правилник), најдоцна 7 дена пред одржувањето на испит.
Во образецот се запишуваат основните податоци за кандидатот, појасот кој го носи и кога е истиот доделен, односно местото и датата на полагање, името на испитувачот.
Од другата страна на формуларот – пријавата постои табела со основни податоци за сите положени појаси.
Кандидатите за испит се должни најдоцна 7 дена пред закажаниот термин за испитот да поднесат во Федерацијата Пријава за испит,потврда за уплатена такса за полагање и потврда од Федерацијата или фотокопија од дипломата за степенот кој го поседуваат.
Кандидатот треба да ги исполнил административните и финансиски обврски кон федерацијата
 Против него да не се води или да е изречена правосилна дисциплинска мерка која трае до денот на испитот.

Член 16
Критериумите за полагање за појаси се утврдуваат со посебна програма за полагање за појаси.
Испитот за степен во реален аикидо содржи теоретски и практичен дел. Теоретскиот дел може да биде писмен или усмен.

Член 17
Кандидатите кои имаат постигнато врвни резултати на државно или меѓународно ниво во прилог на пријавата доставуваат и доказ – фотокопија од диплома,извадок од билтен и сл.

Член 18
После успешно завршениот испит кандидатот добива соодветна диплома.

Член 20
АФМРА е должна во рок од 30 дена да го достави списокот со кандидати кои положиле за Дан степени до Светскиот центар за реален аикидо.

Член21
Кандидатот на испитот треба да се појави во пропишана униформа – кимоно со пропишани ознаки од клубот, федерацијата и светскиот центар.

Член 22
Заради зачувување на дигнитетот на федерацијата и воспитно делување, лица против кои се води дисциплинска постапка или им е изречена правосилна дисциплинска мерка немаат право да полагаат испит за Дан степен се додека не истече таа мерка. За таа цел пред секој испит Дан Колегиумот е должен од  Дисциплинската комисија да побара податоци за таквите лица и да не им дозволи да учествуваат на испитот.

Член 23
Дан Колегиумот со посебен правилник ги дефинира поимите активни – неактивни мајстори, губење на статус активен мајстор и начинот на повторно стекнување на статус активен мајстор.

Член 24
Правилникот стапува во сила со денот на донесувањето.
 
Бр    
12.05.2012 год.
 
Претседател
Ѓуро Илиќ 7 Дан