ОДЛУКA За задолжително полагање за тренерска лиценца

Преземи: ОДЛУКA за задолжително полагање за тренерска лиценца (PDF)

Врз основа на член 40 од Статутот на Аикидо Федерацијата на Македонија, Извршниот одбор на АФМ на седницата одржана на ден 12.05.2012 година во Скопје, донесе

ОДЛУКA
За задолжително полагање за тренерска лиценца

Член 1
СЕ ЗАДОЛЖУВААТ сите тренери кои водат клубови задолжително секоја година да полагаат за тренерска лиценца.

Член 2
Семинарот, односно испитот за тренерска лиценца се одржува во месец Февруари.

Член 3
На семинарот се проверува :
1.Процесот на обука и вежбање на техники на реалниот аикидо (процесот на создавање специфични движења и вежби, влијание на извежбаноста на обуката, структура на обуката, зацврстување и усовршување на изученото, отстранување на грешките, техника на фрлање(наге ваза), техника на одбрана од напад и одназад (уширо ваза), техника на одбрана од повеќе напаѓачи (џиу ваза).

2.Моторни карактеристики при изведување на техниките на реалниот аикидо (сила, брзина, издржливост, подвижност и флексибилност).
Член 4
Без добиена тренерска лиценца- за тековната година, тренерот нема право да обавува тренерската функција-дејност во клубот.

Член 5
Одлуката влегува во сила со денот на донесувањето.
 
Бр-    
12.05.2012 год
Претседател
Ѓуро Илиќ 7 Дан