ОСНОВНИ ПРИНЦИПИ НА РЕАЛЕН АИКИДО

1. Принцип на динамичка сфера

Склоп на кружни движења маруи. Постојат безброј кругови (хоризонтални, вертикални и дијагонални) чиј што збир сочинува една сфера со центар во абдоменот (сеика танден). Оваа сфера се нарекува динамичка бидејќи сите техники се базираат врз постојана измена на статичката и динамичката рамнотежа, како и примена на принципот на подвижен круг којшто се движи онака како што се движи човекот.

012. Принцип на хармонија и синхронизација

Хармонијата е поврзана со исполнување на принципот на неспротиставување, односно не треба да постои директен начин на спротивставување што би значело вклопување во енергијата на напаѓачот. Со тоа се означува складот на деловите во една целина, која што се постигнува со потполно владеење на разумот, волјата, движењата на телото, а за коешто е потребно континуирано и долготрајно вежбање. Додека пак синхронизацијата претставува временско совпаѓање.

3. Принцип на брзина

Брзината е витален елемент и се манифестира како способност да се избегне директниот напад, но и благовремено да се продолжи движењето на напаѓачот. Меѓутоа брзоплетоста не треба да се поистоветува со брзината.

4. Принцип на контрола на водење

Практично, ова значи управување со движењата на противникот, како резултат на неговата збунетост заради ненадејните промени на движењето или лост на некој дел од неговото тело. За ова да успее мора да се воспостави сопствена контрола (физичка и психичка), односно релаксирана ситуација со подготвеност за реакција во дел од секундата, додека стравот и стресните состојби треба да бидат целосно елиминирани. Со право се вели дека тајната лежи во смиреноста на духот.