УСЛОВИ И НАЧИНИ ЗА НАПРЕДУВАЊЕ

Основно обележје на степенот на знаење на техниките на реален аикидо е бојата на појасот. За определен степен-појас се полага пред испитна комисија. Членовите на испитната комисија се овластени мајстори на реалниот аикидо.

02 memoИмајќи го предвид обемот и сложеноста на техниките на реалниот аикидо, напредувањето и усовршувањето е поделено на два дела и тоа:

  • Програма за ученици и
  • Програма за мајстори

За да се стекне услов за полагање испит за одреден УЧЕНИЧКИ ПОЈАС (КЈУ), мора да се исполнат следните услови:

  • 5 КЈУ (жолт појас) – по 4 месеци редовно вежбање
  • 4 КЈУ (портокалов појас) – 6 месеци по испитот за 5 КЈУ
  • 3 КЈУ (зелен појас) – 8 месеци по испитот за 4 КЈУ
  • 2 КЈУ (син појас) – 10 месеци по испитот за 3 КЈУ
  • 1 КЈУ (кафеав појас) – 12 месеци по испитот за 1 КЈУ

Право на полагање за МАЈСТОРСКИ ЦРН ПОЈАС (ДАН) се стекнува:

  • 1 Дан – 2 години по стекнување на 1 КЈУ
  • 2 Дан – 2 години по стекнување на 1 ДАН
  • 3 Дан – 3 години по стекнување на 2 ДАН
  • 4 Дан – 4 години по стекнување на 3 ДАН
  • од 5 до 10 Дан – на предлог на Националната федерација во координација со Светскиот центар за реален аикидо